Прогласени најуспешните во училишниот спорт

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Сојузот на училишен спорт Битола традиционално ги додели наградите за училишни спортски натпревари кои што се одржаа во 15 категории на основните и средните училишта. Во училишната лига биле вклучени 3.000 ученици кои се натпреварувале во разни дисциплини а наградите беа доделени во ОУ “Климент Охридски”.

-Втора година по ред организираме училишни лиги во основни и средни учичишта, во основните оваа година имавме лиги во футсал и кошарка женкси а во средните имавме ракомет и одбојка вели Михајло Трампевски од општинскиот сојуз на училишен спорт.

За тоа колку е значајна подршака на училишниот спорт за понатамошен развој на децата при професионално ангажирање во спортот Трампевски вели дека тоа се докажува преку освојувањето на седум први места на државните натпревари.

-Од општинските натпревари произлегуваат голем број на спортисти кои што понатаму продолжуваат со спортување, воедно сите овие натпреварувачи настапуваат и на државните натпревари, вели Михајло Трампевски од општинскиот сојуз на училишен спорт.

Покрај програмата на федерацијата за училипшен спорт Општна Битола ги финансира и општинските училишни лиги со цел децата кои што не се занимаваат во одреден спорт да се вклучат во активностите на училишните лиги.

 

Share.