Промовирани преводи на две книги од Том Палмер

0
480

Пораката за „Мир, љубов и слобода“ е порака која студентите се помасовно ја пренесуваат од едни на други генерации со цел создавање на свет каде што човекот ќе биде слободен да живее онака како што тој смета дека е најдобро за него. На тој пат и активностите на студенското здружение Студенти за слобода. Деновиве ги промовираа преводите на двете книги под наслов “Моралноста на капитализмот„ и „Мир љубов и слобода“.


– Ние локалните координатори имавме прилика да преведиме две нови дела од проф.д-р.Том Г. Палмер кој што е истакнат борец за индивидуалните слободи и права, со доста ретка тематика која што многу ретко може да се најде во Македонија и на македонски јазик, изјави Борис Николевски

Целта на книгите е изразување од различен аспект на поврзаноста и меѓузависност помеѓу она што претставува просперитет, мирна размена и лична слобода.

– Книгите се претставуваат збирки на филозофски, економски и уметнички есеи од различни автори, секој читател има дел во кој што може да се пронајде, изјави Борис Николевски

Предговорот на македонското издание е напишан од проф. д-р. Горан Илиќ а издавач е Либертаниа- Центар за современа политика Битола, а печатењето е овозможено од Фондацијата Атлас нетворк од САД.