Безживотно тело на 66-годишен битолчанец било пронајдено во реката Драгор, во населбата „Кланица“, кај местото викано „Дрвено мовче“, информираат од СВР Битола.
Според полицијата, на 8 јуни 2026 година во СВР Битола било пријавено дека во реката е забележано безживотно тело. По извршеното препознавање било утврдено дека станува збор за В.К. (66) од Битола, за кого на 2 јуни годинава негов роднина пријавил дека се оддалечил од својот дом.
Лекар од Итната медицинска помош во Битола констатирал смрт, при што не биле забележани траги на насилство.
По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола, а надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.












