Протест на опозицијата за воздухот во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Опозициската ВМРО ДПМНЕ вечерва по втор пат излезе на протест во Битола. Овај пат протестираа за како што рекоа загадениот воздух. Протестот со автомобили го започнаа во 19 часот од пред паркингот на Педагошкиот факултет, продолжија по ул. Васко Карангелевски, Партизанска, 4-ти Ноември, Прилепска, Филип 2 Македонски, Булеварот 1 ви Мај, пред општинската зграда.

Вечерва опозицијата протестираше и во Скопје, Струмица, Тетово и Куманово.   Во соопштението од партијата наведоа дека протестите се порадаи неодговорната политика на Владата на СДСМ во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух.

„Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност.

ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на КОВИД-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки, велат од партијата.

Протестот заврши пред зградата на општина Битола каде рекоа дека вечерашниот протест е со цел да ги потсетат граѓаните  за како што велат лагите и измамите со кои се замајувала јавноста на темата здрава животна средина во изминатите четири години владеење.

Share.