Протести во Приштина против пресудата за „Диво насеље“

0
702

Како што јави РТК, демонстрантите се собраа на плоштадот „Захир Пајазити“ од каде се упатија кон македонската Амбасада, но беа спречени од косовската полиција, која не им дозволи да се доближат до заградата.

Еден дел од демонстрантите го продолжија протестот во близина на македонската Амбасада, при што, според РТК, дошло и до судири меѓу група од нив и припадници на косовската полиција.

Дел од демонстрантите, пак, се упатија кон косовската Влада, пред која ги пречека косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој најави дека „институциите на Косово ќе реагираат на случајот Диво насеље“.

– Во земјата треба да постои правда, почнувајќи од целосно расветлување на случајот во сите негови димензии, нагласи Харадинај.

Тој побара за случајот „Диво насеље“ да се спроведе меѓународна истрага, што ќе доведе до целосно расветлување на вистината.