Прв академски час на постипломските студии на Бизнис академија Смилевски

0
1018

Вчера започна наставата на постдипломските студии на Бизнис академија Смилевски за оваа студиска 2017/18 година и како што истакна проф. д-р Тони Соклевски бројот на запишани постипломци е зголемен за 17% споредено со минатата година.

Постдипломските студии се од областа на Стратегискиот менаџмент и се практично базирани, интензивни и со фокус на активно групно учење преку дискусии и размена на искуства од справувањето со стратешките организациски предизвици. Тоа се студии за сопственици, претприемачи и генерални менаџери.

Изборни програмски модули на постипломските студии се стратегиско водство,Менаџмент на човечки ресурси, проектен менаџмент, менаџерско консултантство, менаџмент на големи настани, менаџмент во културата.

Студентите кои ќе ги завршат студиите од втор циклус според оваа студиска програма, стекнуваат диплома која е призната на меѓународно ниво.

Додека стручните студии по бизнис од прв циклус подготвуваат дипломирани оперативни менаџери, односно менаџери за водење на процесот на креирање на продуктите или услугите во претпријатијата и другите организации, целта на стручните студии по бизнис од втор циклус е подготовка на менаџери за топ менаџментот, односно менаџери за стратегиско водење на компанијата како деловен систем.