Прва седница на Владата

0
650

Новата Влада денеска ќе ја одржи првата седница. На официјалната веб-страница нема објавено што ќе биде на дневен ред. Според досегашната практика, се очекува една од точките да биде именувањето на кандидатите за функционери од вториот и третиот ешалон.

На оваа седница најверојатно ќе се избере и нов генерален секретар на Владата и нов директор на владината Службата за општи и заеднички работи.