“Првин ќе ме земеш после ќе ме…” во Кичево

0
1034
Вечерва од 20:00 часот во Центарот за култура ” Кочо Рацин” ќе се одигра хит- комедијата  “Првин ќе ме земеш после ќе ме…” во режија на Ѓорѓи Ризески. Во претставата играат познатите македонски актери: Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Дарко Вељиќ.
Екиата вели дека претставата е одиграна вкупно 30 пати на сцената на Театар Комедија во Скопје и низ повеќе градови низ републикава што е потврда дека станува збор за вистинска ХИТ – комедија.
Џоле и Кети се двајца кандидати пријавени во реално шоу, за спојување на сродни души. Тој со еден неуспешен брак зад себе си, решен никогаш повеќе да не се жени а таа славеничка на 30-ти роденден и решена баш вечерва со него да се мажи.
Оваа е претстава во која публиката гласа и донесува одлуки за тоа како ќе се развива претставата, а со тоа и нивната судбина.