Прво ребаланс на буџетот па плати за ракометарите

0
1134

„Ние како општина сме единствени акционери на РК Пелистер, меѓу тоа последниве денови во клубот се случуваат одредени проблеми и несогласувања како помеѓу играчите така и помеѓу стручниот штаб поради не исплатени плати. Со ребалансот на буџетот кој ќе го донесеме на 13. Ноември се предвидени средства и за неисплатените две плати и за плати до крајот на годината. Сакам да испратам една порака до клубот дека се ќе биде во ред, да се има трпение и дека состојбата со РК Пелистер ќе се подобри. Ова што го наследивме е само наследство што некој сакал да го предизвика и да направи ракометниот клуб да се распадни, но ние нема тоа да го дозволиме“ – изјави Валентин Груевски претседател на советот на Општина Битола.