Пуџдемон најави мирен отпор на Каталонците

0
300

Разрешениот каталонски премиер Карлес Пуџдемон и натаму не се предава. Тој најави мирен отпор на Каталонците.

Од страна на шпанската централна влада разрешениот премиер на Каталонија, Карлес Пуџдемон, го повика населението во регионот на мирен отпор против Мадрид. „Наша волја е да работиме и натаму, и покрај актуелните тешкотии“, изјави тој денеска во својот прв говор по симнувањето од власт.

Говорот на Пуџдемон во шпанските медиуми се интерпретира како тој да нема намера да си замине. Пуџдемон најави продолжение на стремежите за независност и повика на „основање слободна земја“.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изутринава официјално му ги одзеде овластувањата на Пуџдемон. Разрешени беа и останатите членови на регионалната влада. Шпанскиот сенат со активирање на членот 155 вчера го отвори патот за разрешување на каталонската влада и за одржување нови избори во регионот на 21 декември.

Од функцијата се сменети и двајцата шефови на каталонската полиција, Пере Солер и Жозеп Луис Траперо. Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на интерен полициски документ, јави дека каталонската полиција ги повикала своите вработени да се однесуваат неутрално во судирот со Шпанија околу независноста. „Наша одговорност е да се грижиме за безбедноста на сите“, се вели во документот.

http://www.dw.com