Пулсот на македонскиот мелос на Тераса „Широк Сокак“ во Епинал!

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Секој град има свои култни боемски места и свои боеми. Таква е Битола, град кој во минатото бил препознатлив по боемите и боемштината. Кој ја посетил – знае, по чувствата и спомените врзани за неа.

Ритамот на Битола најдобро може да го почувствувате во срцето на градот – во добро познатата „Градска кафеана“, а сега и на Тераса „Широк Сокак“ во Хотел Епинал.
Повелете, и дозволете настаните кои ги најавуваме денес, да станат спомени кои ќе се прераскажуваат од генерации на генерации.

Тековните концертните гостувања на музичките ѕвезди кои претходно беа најавени за ова лето, започнаа… Истите, не честат со квалитетна музика која никогаш не излегува од мода!

Денес, секоја недела, во срцето на Битола, на летната тераса „Широк Сокак“ во Хотел Епинал, се случува овој амалгам на музика и емоции. Весело и мераклиски…

Овој викенд, на 4ти Август, на летната тераса „Широк Сокак“, настапува составот Љубојна, кој најавтентично го пренесува пулсот на македонскиот мелос. Станува збор за македонска музика, облечена во руво на 21-от век, со сета нејзина страст, емоција и енергија.
Групата страсно ја свири оваа музика во сите нејзини форми и во исто време создава мешавина од солени–благи вкусови и префинетост од чувства што нишаат и носат во радосна тага.

Ваше е само да го резервирате своето место за уживање, да дојдете и да ја почувствувате енергијата на Тераса „Широк Сокак“.

Ве очекуваме!

Share.