Pumperzz Of The Fall на прво место на New york radio топ листа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

 

Соработката на бендот „Pumperzz Of The Fall“ со американската дискографска куќа ’3PM Productions, им овозможи да работат со композитори, кои се етаблирани во музичкиот свет, а исто така и нивниот басист Мортен Џеј е светски етаблиран и досега има свирено со Робен Форд, Цукеро, Џоан Осборн, Мајкл Руф. Оваа соработка доведе и до промоција на Памперс во светски рамки, па така и нивното освојување на светските топ листи, овојпат една од најреномираните New york radio топ листата, на која тие се најдоа на првото место, со песната All About You. Оваа година Памперси одбележуваат 16 години постоење. Бендот Pumperzz Of The Fall има патувано низ неколку сфери од музичката скала на жанрови, а сега прават музика која би ја категоризирале како нивни стил во сферата на рок, ориентирани тонови со примеси на инди и поп музика.

Дискографската куќа ’Alliance Records‘ е позната по тоа што негува музика со богатство на тонови и скали кои имаат уметнички пристап, кој одлично им одговара на бендот правејки ги уникатни .

-Мотото на оваа дискографска куќа, кое гласи ’We bring back the music‘ е она што не карактеризира и во нашата земја и надвор, велат од бендот.

Нивниот последен албум „All About You“, кој беше издаден и на винил ЛП, е нивни четврти албум. Предходно, истиот албум, беше издаден и во дигитална верзија. Овие две изданија ги потпишува дискографската куќа „Alliance Records“ и продуцентската куќа „3PM Productions“. Предходно бендот ги има издадено „All whatever“ и „Mind game“.

Настапувале во Италија, Унгарија, низ регионот, а посебно се значајни концертите во Лондон и турнејата во Скандинавија.

 

 

Share.