Пуштено во употреба спортско игралиште во Логоварди

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

-На барање на жителите од Логоварди денес го пуштаме во употреба повеќе наменското спортско игралиште. Општина Битола го разгледа нивното барање, предвиде средства во буџетот и пристапи во подготовка на проектна документација. Во почетокот на 2016 се подготвуваше проектот за изградба на ова игралиште и штом добивме одобрение за градење се пристапи кон реализација. Вкупната вредност на ова игралиште изнесува еден милион и 605 илјади денари, изјави Марина Спасевска, општина Битола

Share.