Путин го потпиша медиумскиот закон за “странските агенти”

0
253

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се овластува владата да ги назначи медиумските куќи кои добиваат средства од странство како “странски агенти” и да воведат санкции против нив. Новиот закон беше објавен на интернет – порталот за официјални правни информации на Русија на 25 ноември.

Мерката беше едногласно усвоена во долниот и горниот дом на парламентот на 15 и 22 ноември. Неколку часа откако предлог-законот го усвои државната Дума, Министерството за правда испрати предупредување до неколку сервиси на Радио Слободна Европа.

Во писмата не е наведено со какви потенцијални ограничувања можат да се соочат, но законодавците велат дека наведените медиуми можат да бидат подложени на детални барања за финансиско известување и да мора да ги обележат објавените материјали дека доаѓаат од странски агенти.