Рачно исцртани чадори за танц по дождот на Симона Јовчевска

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Симона Јовчевска, со своите креации на креативно исцртани чадори и дождливите денови ги обојува со ведрите бои на нејзиниот талент, создаваји уникатни аксесоари со кои предизвикува насмевка на сечие лице.

Од создавање подароци за своите најблиски до креативно хоби кое го привлекува сечие внимание, оваа битолчанка која повеќе години живее и работи во Скопје, ни раскажа како започна цела таа приказна со исцртување на чадорите и колку животот може да го обоиме со најубави бои, дури и кога тоа ни делува невозможно.

– Ги сакам тие чадорчиња кои носат приказна во себе, кои имаат мечта, кои говорат гласно, иако е само нацртан чадор, тие чадорчиња кои и знаат да ме понесат и се фаќам себе си  како долго време седам со еден поглед врежан во нив-вели Симона.

Меѓу примероците на исцртани површини, видовме и најразлични портрети, цртани ликови, пејсажи. Ја видовме хероината од Медена земја, Атиџе, но и бројни портрети на јавни личности, како и на пријатели и колеги на Симона.

Повеќе за ова интересно хоби, во видеото во продолжение.

 

Share.