Расплаканиот грчки пензионер чија фотографија го обиколи свето

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Безуспешно стоел во ред пред три банки во Солун во надеж дека ќе ја земе пензијата за својата сопруга. Откако во четвртата му било кажано дека не може тоа да го направи, тој се расплакал.

Фотографијата на која тој седи пред банката и отворено плаче од очај, додека на земјата крај него лежат неговите штедна книшка и лична карта, ги снимил фотографот на Франс прес, како илустрација на маките на обичните граѓани на Грција поради кризата во земјата.
„Не можев да поднесам да ја гледам својата држава како се распаѓа”, изјавил пензионерот Јоргос Чацифотијадис за АФП, објаснувајќи ги своите солзи. „Затоа се почувствував така скршено, повеќе отколку поради личните проблеми”.
Чацифотијадис и неговата сопруга, како и многу Грци од северот на земјата, минале повеќе години во Германија, каде тој „многу напорно” работел во рудник за јаглен, а подоцна и во леарница, пишува Франс прес.
Share.