Распродаден концертот на Архангел

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Првиот од низата концерти во рамки на 22-рото издание на Таксират Фестивал, а и воедно првиот културен настан организиран во затворен простор, помина во најдобар ред и со максимално почитување на протоколот.

„Концертот на Архангел, со кој започна официјалната музичка програма на фестивалот, се одржа согласно протоколот за организирање на јавни настани во затворен простор“ информираат од продукцијата. Од таму изразуваат огромна благодарност до публиката и како што велат драгите и верни пријатели на Таксират Фестивал, кои се придржуваа до мерките во текот на целиот настан и уживаа во настапот на едно од најголемите музички остварувања кај нас – Архангел.

Под мотото 30 години љубов, на бината на Таксират настапи Архангел, највлијателната фигура во културниот живот на нашите простори. Со целовечерен концерт, на кој беа изведени дури дваесет и седум песни, а за присутните приредија ново, необично и досега невидено искуство, додаваат организаторите.

Врвните македонски музичари кои го придружуваа Вртев на сцената, направија познатите “Милион долари”,
“Чудесен свет”, “Вина невина”, “Сениште” и сите останати песни, да добијат уште поголем смисол и длабочина.

Секогаш во чекор со времето и актуелната ситуација, Ристо Вртев, преку својата врвна поетска експресија, успеа да ја обедини публиката и да и докаже дека може да се ужива и во услови поинакви од вообичаените.

Share.