Расте бројот на нозаразени во повеќе земји во светот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Шпанија  регистрираше 1.229 нови случаи на коронавирус, што е повторно најголем раст на новозаболени од укинувањето на мерките за карантин на 21 јули.

Во Полска за 24 часа биле регистрирани рекордни 615 нови случаи на Ковид-19.

Бројот на заразени со коронавирус во Германија се зголеми за 870 во изминатите 24 часа. Германските власти информираат дека вкупно 208.698 луѓе се заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата

Здравствените власти во Косово известуваат дека во текот на последните 24 часа, од вкупно извршени 480 тестови, 258 биле позитивни на „Ковид-19.

Според универзитетот „Џон Хопкинс“, бројот на починати од коронавирус во САД синоќа ја надмина бројката од 150.000 лица, и пандемијата се шири во речиси секоја сојузна држава.

Седум лица починаа во Србија како резултат на инфекција со коронавирус, така што 565 лица починаа од почетокот на епидемијата. Во последните 24 часа биле тестирани 8.804 лица, од кои 321 биле позитивни.

Во Хрватска беа потврдени 78 нови случаи на коронавирус од 1.448 тестирани, а три лица починаа.

Веќе трет ден во Грција е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, највисок во изминатиот период, јави дописничката на МИА од Атина. Според Националната организација за јавно здравје, во изминатите 24 часа, регистрирани се 65 нови случаи.

Share.