Расте бројот на жртви во Лондон

0
1069

Најмалку седум лица се убиени, а 48 се ранети во напад на Лондонскиот мост и во околните ресторани и пабови во британската метропола, кој го извршиле три лица. Напаѓачите се убиени во судир со полицијата.

Што се случувало синоќа.  Полицијата и итната помош добиле повици вчеравечер околу 23 часот дека бело комбе со голема брзина удрило во пешаци на Лондонскиот мост. Комбето прво намерно газело пешаци, а напаѓачите потоа излегле од возилото и со ножеви напаѓале цивили и полицајци. Сведоци велат дека напаѓачите влегле во ресторан и во паб и со долги ножеви ги боделе луѓето, кои се обидувале да се одбранат со шишиња и со столици. Во нападот се убиени седум лица, а полицијата убила тројца напаѓачи на Лондонскиот мост и пазарот Бороу во близина. Полицијата нагласува дека напаѓачите се убиени осум минути по првата информација за нападот – од 23.08 до 23.16 ч.

Лондонската полиција сооопшти дека индицентите се прогласени за терористички напади. Во текот на ноќта имало и трет инцидент, но тој не е поврзан со терористичките напади. Напаѓачите носеле лажни самоубиствени појаси. Локалните медиуми јавија дека на телата имале закачени „канистери“.  Во пет лондонски болници се примени 48 лица, а меѓу нив има и тешко повредени. Тоа не е конечниот број на ранети, бидејќи некои од нив се лечени на местото на нападите. Меѓу ранетите е и еден полицаец, кој прв дошол на местото на нападите. Тој е избоден во главата, лицето и во нога, но повредите не се опасни по живот.

Меѓу ранетите има четири Французи (еден е во тешка состојба), еден Австралиец и еден државјанин од Нов Зеланд, кој е ставен во вештачка кома поради тежината на повредите.


Градоначалникот Садик Кан изјави дека нападот е намерен и кукавички. Тој рече дека е против одложување на парламентарните избори, кои треба да се одржат во четврток.

Британските служби велат дека досега спречиле пет напади, четири во Лондон и еден во Бирмингем.