Разговори со Хан за датумот за избори

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Еврокомесарот Јоханес Хан од претпладнево во резиденцијата на Европската унија во Пржино започна со одделни средби со лидерите на четирите партии потписнички на договорот од Пржино. Клучното прашање околу кое разговараат е датумот за изборите.

Според извори вклучени во работната група која ја предводи посредникот Питер Ванхауте вчера немало речиси никаков напредок за прашањата за медиумите и правилникот за избори, па се очекува денеска со Хан да се утврдат насоки за како да се решат овие теми а по неговото заминување работните групи да продолжат со состаноците.

Портпаролката на комесарот Маја Коцијанчич вчера нагласи кои се клучните пораки кои Хан ќе ги донесе во Скопје.

„На овие средби ќе ги потсети на нивната обврска да го имплементираат договорот и да обезбедат услови за кредибилни избори според роковите кои се договорени. Во исто време ќе потсети на важноста од спроведување на итните рефоми за кои исто така се согласија“, рече Коцијанчич.

Share.