Разрешувањата и именувањата тргнати од утрешната седница

0
1198

По конституирањето на битолскиот Совет минатата недела за утре со почеток во 10 часот закажана првата работна седница. Советниците треба да ги формираат комисиите за да може да функционира Советот согласно законот. Треба да ја формираат Комисијата за финансии и буџет, Комисијата за јавни и комунални дејности, комисијата за урбанизам и заштита на животната средина, комисијата за јавни дејности, комисијата за месна самоуправа, комисијата за заштита на човековата средина , комисијата за доделување на општинските признанија и награди, комисија за статут и прописи, комисија за еднакви можности меѓу жените и мажите. Ќе биде формирана и комија за вршење надзор на материјално-финансиско работење, комисија за евроинтеграции и меѓународна соработка, комисија за млади, спорт и рекреација, комисија за локален економски развој, комисија за безбедност и комисија за правата на децата.   На утрешната седница советниците треба да определат и членови на Совет кои ќе учествуваат при склучување на бракови.

Од мнозинството велат дека денеска на опозицијата му се понудени две комисии со кои тие би раководеле, а тоа е Комисијата за безбедност и Комисијата за правата на децата. Дали опозицијата ќе ги прифати, на власта ќе и биде соопштено утре.

За утрешната седница првично беа планирани и разрешувања и именувања на членови во Управните и Надзорните одбори во јавните претпријатија  Пазари, Нискоградба, Комуналец Водовод, Жабени, како и именување на нови, меѓутоа денеска е одлучено точките да се повлечат од дневниот ред со оглед на фактот што локалните избори на ниво на Р.Македонија , односно изборниот процес, сеуште не се завршени. Претседателот на советот Валентин Груевски за Тера вели дека на ваков чекор се одлучиле, за да не се случи да има прекршување на изборниот законик. Овие точки ќе се најдат на седница по целосното завршување на изборите во Македонија.