Развивање на вештини за тимско решавање на проблеми

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Како да се стекнат вештини за управување на проекти, решавање проблеми, и способност за тимска работа е цел на проектот Бастион, организиран од БАС во партнерство со двете средни училишта СОУ “Орде Чопела” Прилеп и СОЗУ “Кузман Шапкарев” Битола.
На завршната конференција беа презентирани задачите кои што им беа доделени на учениците. Проектот траеше цела година и опфати 96 ученици.

– Се организираа 24 работилници, секоја работилница беше составена од теоретски инпут , самостојна работа на тимовите и завршна пленарна презентација како рефлексија на сработеното. Меѓу сите средби БАС вршеше менторирање за подобрување на овие вештини. Овој проект претставува мост меѓу учењето во училница и работата во компаниите. Очекуваната корист од оваа интерактивна бизнис-симулација во реално време е повеќекратна. Од една страна, ова е можност за учениците кои немаат никакви деловни искуства да ги тренсферираат своите знаења во реални ситуации на планирање, организирање,преговори, убедување и тимска работа, изјави Д-р Тони Соклевски

Резултатите допрва ќе се разгледуваат во рамките на наставниот процес на самите училишта.
Инаку овој проект воедно е и можност на компаниите да најдат кандидати за вработување кои ќе бидат подготвени за работа.

Share.