Реакција на ЕЛЕМ

0
1968

„Граѓаните на на РМ и вработените на АД ЕЛЕМ се сериозно загрижени од непознавањето на материјата од страна на СДСМ.  Ковачевски очигледно повторно не е информиран. Доколку дојде во РЕК Битола ќе се увери дека ископот се одвива непрекинато.

За правилно информирање на јавноста, должни сме да известиме дека се работи за рутински зафат на транспортерот, односно замена на механички делови, зафат кој нема да трае повеќе од 3 дена. Транспортерот очекуваме да биде целосно функционален во текот на утрешниот ден, најдоцна во среда наутро.  Блокот 2 кој несреќно се најде во соопштението на Ковачевски е во ремонт согласно однапред  утврдената динамика на работата на компанијата. Нагласуваме дека овие зафати нема да го нарушат процесот на производство на електрична енергија“ стои во реакцијата на ЕЛЕМ.

АД ЕЛЕМ како и секогаш продолжува во целост од сопствено производство да обезбедува електрична енергија за  тарифните потрошувачи на РМ .

Како потврда за успешното работење на компанијата, сакаме да информираме дека АД ЕЛЕМ нема долгови кон вработените и добавувачите,  има депозит од преку 20 милиони евра во комерцијалните банки  како и тековна ликвидност од преку100 милиони денари. Сите развојни проектина компанијата кои значат нејзина поголема додадена вредност се завршени или пред завршување“ стои во реакцијата на ЕЛЕМ.