Реакција за фестивалот Манаки

0
666

„ДФРМ нема веќе никаков кредибилитет да организира ваква манифестација и нивното вчерашно излегување во јавноста е обид повторно да се наметнат како кредибилен партнер на власта и да глумат жртви, иако овие десет години наназад само профитирале и од фестивалот и од своите „филмски активности“.
Тие можат секогаш да се јават како коорганизатори и да помогнат фестивалот да достигне повисоки нивоа и да допринесе за културниот развој и на градот и на Републиката.
Ова ДФРМ ја изгуби поддршката од МЕДИА програмата за фестивалот, кое минатото раководство и неговиот тим ја добија (а беа наградени со смена во 2016), смена што и судот ја оквалификува со пресуда, како незаконска.
И на фестивалот и на филмската дејност воопшто им се потребни темелни промени кои ќе овозможат развој и одржливост.И убаво е и ДФРМ да учествува во тоа“ стои меѓу другото во реакцијата на Здружението за фимска уметност-Центар за филм Битола