Реал Мадрид против Манчестер јунајтед во Скопје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонија го дозна и вториот гостин на УЕФА Суперкупот, на 8. август на теренот на Арената „Филип Втори“ ќе истрчаат Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Скопје ќе биде домаќин на спектакуларна фудбалска претстава, големите европски гиганти Реал Мадрид и Манчестер јунајтед ќе се борат за трофејот од УЕФА Суперкупот на „Филип Втори“ Арената.
Реал Мадрид денеска во финалето од Лигата на шампионите го победи Јувентус со убедливи 4-1 и го доби „билетот“ за Скопје.
Претходно Манчестер јунајтед ја освои Лига Европа победувајќи го Ајакс со 2-0.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед на 8. август во Скопје ќе биде и отварање на новата европска фудбалска сезона.
www.mkd.mk
Share.