Редуциран железничкиот сообраќај-се бараат плати

0
430

Домашниот патнички и товарен железнички сообраќај од изутринава се одвива редуцирано поради прекинот со работа на машинскиот персонал во Македонски железници Транспорт ад Скопје.

Од Битола за Скопје утрово тргнале двата воза, исто така и попладневниот ќе сообраќа, но немаат информација дали вечерниот воз ќе оди за Скопје.

– Во девет часот изутринава не тргна патничкиот воз на релацијата Скопје-Велес, а за останатите возови се уште не е пристигнато официјално известување, информираат од Железничката станица во Скопје.

Душко Чакаровски, претставник на Машинскиот персонал, за МИА изјави дека неисполнувањето на работните обврски е во знак на протест од доцнењето на исплатата на платата и, како што тврди, нејзино селективно зголемување на дел од вработените. Преку протестот бараат исплата на вториот дел од априлската плата и плата за мај и изготвување правилник за вреднување на работните места.

Чакаровски најави дека денеска ќе бидат пропуштени само возовите за Битола во 14:30 часот и за Гевгелија во 16:55 часот, како и меѓународните Белград-Скопје-Солун, како и Солун-Скопје-Белград.