Рејтингот на Доналд Трамп достигна нов минимум

0
251

Популарноста на американскиот претседател Доналд Трамп достигна нов минимум – само 33 отсто од Американците ја одобруваат неговата работа. Ова го покажа анкетата на Галуп, објавена денеска.

Според истражувањето, спроведено на 29 октомври, 33 отсто од испитаниците изјавиле дека го поддржуваат Трамп, а 62 отсто ја оцениле неговата работа со лоша оценка. Во анкетата учествуваа 1.500 луѓе.

Во периодот 26-28 октомври, поддршката за Трамп беше 35 проценти. Овој индикатор во октомври не надмина 39 проценти.

Претходниот најнизок рејтинг на Трамп беше регистриран на 14 август, кога тој доби поддршка од 34 отсто од Американците, додека 61 процент беа против него.

Врвот на поддршка за американскиот претседател, не сметајќи ја својата прва недела во Белата куќа, беше регистриран на 11 март, кога 45 отсто од Американците ја одобрија неговата работа. Спротивно мислење имале 49 отсто.

Минимумот на неговите претходници, демократите Барак Обама и Бил Клинтон, не падна под 38, односно 37 отсто. Џорџ Буш имал рејтинг и од 25 проценти.