Решавање на името и членство во НАТО се приоритети за Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Двата главни приоритети на новата владина коалиција во Македонија се решавање на долгогодишниот спор со Грција околу уставното име на државата и влегувањето во НАТО со референцата „поранешна југословенска Република Македонија“, изјавил лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за грчки „Катимерини“.

„Решавањето на спорот за името е еден од најголемите приоритети. Ние сме соседи и нашата заедничка иднина е Европската Унија. Грција мора да го носи факелот кој ќе не води кон ЕУ“, изјавил Ахмети, додавајќи дека земјата може да се приклучи кон НАТО со привременото име, пред да продолжат разговорите за решавање на спорот.

Според Ахмети, мора да се преземе чекор за работи да тргнат напред.

„Мора да ги имаме предвид и геополитичките прашања и да работиме напорно на пристапувањето на Западен Балкан, бидејќи придобивки ќе имаат сите“, вели Ахмети.

Тој изјавил дека Македонија нема максималистички намери кон Грција.

„Сакам категорично да нагласам дека Скопје нема никакви територијални претензии кон Грција и да ја уверам Атина дека Грција нема да се соочи со никаква закана од својот северен сосед“, изјавил Ахмети за „Катимерини“.

мкд.мк

Share.