Резолуции во Советот на Европа: На мигрантите да им се даде и правото на глас

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Мигрантите придонесуваат за секојдневниот економски, општествен, демографски развој и за мултикултурното богатство на Европа. На оние кои во една земја престојуваат повеќе од пет години, треба да им се даде правото на локално ниво да гласаат и да им се олесни постапката за стекнување на државјанство. Мигрантите се охрабруваат активно да учествуваат во работата на политичките партии. Наското ќе бидат сѐпоприсутни сите видови на миграции, а наредниот голем бран сигурно е дека ќе биде поврзан со климатските промени.

Ова го пишува во еден од четирите предлог резолуции за бегалците и за мигрантите кои се најдоа пред пратениците на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, пишува српскиот весник Вечерње новости.

Земјите членки на Советот на Европа се повикуваат да ги почитуваат овие права и достоинство на сите бегалци и баратели на азил, да им гарантираат правна, финансиска и социјална заштита. Се предлага создавање на заеднички европски систем за социјална заштита. На децата на мигрантите, се вели во предлог резолуциите, треба да им се обезбеди усовршување, достапност на училиштата и приоритет за спојување на семејствата. Се предлага воведување на специјална лична карта.

Резолуциите се поднесени од членовите на ПС на СЕ од Португалија, Грција, Италија и Финска.

Од ЕУ се бара да ја засили финансиската помош и парично да се поттикне доброволното враќање, да се одвојат пари за проекти поврзани со проекти поврзани со миграцијата од северот на Африка, сериозно да се размисли за отворање на нови прифатни центри надвор од територијата на Европа, да се зголемат капацитетите за прием на својата територија и да се затворат сите неадекватни центри.

Се наведува дека една година по договорот меѓу ЕУ и Турција бројот на бегалците и мигрантите значајно е намален и дека бројката од 2.000 бегалци дневно, падна на околу 100. Како директна последица на овие договори, речиси сите мигранти се блокирани на „балканската рута“ – во Србија (5.633) и во Бугарија (5.560). Од оние кои успеале да поднесат барање за азил во Грција, моментално на одговор чекаат 67 илјади лица.

Во резолуциите се наведува дека треба да се укинат препреките за интеграција на миграните и да им се олесни патот до пазарот на трудот. Земјите се повикуваат по легален пат да ги повикаат мигрантите специјалисти во своите области, пренесува Вечерње новости.

www.mkd.mk

Share.