Рокот истекува!

0
519

Метеж на шалтерите на Управата за јавни пријави. Рокот за поднесување на годишна даночна пријава за физички лица истекува денеска. Од УЈП велат дека до сега се поднесени повеќе од 317 илјади даночни пријави а 1 530 граѓани тоа го направиле по електронски пат. Обврска за пријавување имаат сите лица кои освен плата или пензија или имаат дополнителен приход од земјоделска дејност, самостојна дејност, хонорари, исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од наградна игра во износ поголем од пет илјади  денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни. Сликата пред шалтерите на УЈП говори дека и годинава граѓаните го чекаат последниот момент за исполнување на законската обврска.