Ростерот на Eурофарм Пелистер негативен на ковид-19, комплетен патува за Гудме

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По вчерашниот тест на ковид-19, сите ракометари, членови на стручниот, административен и медицински тим на Еурофарм Пелистер е негативен на коронавирус. По денешниот трененинг, Жељко Бабиќ ќе ги одрeди 16-те ракометари кои ќе патуваат за Данска.

В понеделник делегацијата на македонскиот претставник во Лига Европа ќе отпатува за Данска, каде во вторник од 18:45 часот ќе се сретне со ГОГ Гудме во рамките од второто коло на групата Д.

Овој натпревар ќе биде прв официјален дуел за екипата на Еурофарм Пелистер оваа сезона.

Share.