Русија и САД се подалеку од затоплување на односите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Русија и САД се многу далеку од затоплување на односите, а главна причина за тоа се новите санкции кои ги наметна американскиот Конгрес поради руското мешање во претседателските избори.

Затоа заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рибјаков, го откажа разговорот со заменик државниот секретар на САД, Томас Шенон.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи на Русија, Рибјаков навел дека ситуацијата не е погодна за да се одржи дијалогот и упатил критики на сметка на САД затоа што не понудиле ниту, пак, нудат нешто конкретно за што би можело да разговараат.

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, објави во вторникот дека воведува нови санкции за 38 руски поединци и фирми поради руски активности во Украина.

Share.