Русија денеска повика на дијалог меѓу Катар и неговите соседи во Заливот, ветувајќи помош во посредување за решавање на кризата.
– Ги следиме со загриженост информациите за таа ескалација, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата во Москва со својот катарски колега Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани
Лавров истакна дека „Русија не е задоволна со ситуацијата во која односите меѓу нашите партнери се влошуваат и ние сме за изнаоѓање решение за проблемот по пат на дијалог“.
Катар бара помош однадвор за решавање на спорот со своите соседи, кои го обвинуваат за финансирање на терористички групи и не се задоволни од неговите врски со движењето „Муслиманско братство“ и спонзорирање на телевизијата „Ал Џазира“.