ТЕРА

REKLAMA???

SВЕЗДИЧКИТЕ НА СИ-ДО НАСТАПИЈА ВО КИЧЕВО И МАКЕДОНСКИ БРОД

СИДО sвездичките  направија преубава атмосфера на двете супер распеани претстави во Кичево во НУЦК “Кочо Рацин ” и во Домот на култура М.Брод.

„Да ја негуваме и да ја шириме македонската детска песна СИ-ДО за сите деца“, велат од фестивалот. Оваа година беше одржано 27-мо по ред издание на детскиот фестивал Си-До. Фестивал кој има значајно место во културниот живот на градот, како и кај многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите. Покрај Кичево и Македонски Брод, дечињата претходно настапија во Кочани и Македонска Каменица.

Оваа година по втор пат под отворенo небо, децата од фестивалот на Си-До Back to School хепенингот го претворија  плоштадот Магнолија во еден магичен свет на музика, бои и креативност. Собраните дечиња и нивните родители го прославија почетокот на учебната година.

Наградите и признанијата за дечињата не изостануваат, па така во низата признанија ја додаваме онаа  на 19-тиот по ред музички фестивал,,Љубав наша је планета” во Ужице,Србија, каде талентираната Ана Ванчевска ја освои најголемата награда Гран при.

Си До е белег на градот Битола, еден бренд кој е дел од детската култура, низ кој поминале многу генерации. Во сите изминати години, продефилираа над стотина деца годишно како солисти така и членови на детскиот фестивалски хор.