Сајбер-напади врз компании низ целиот свет

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Компании од целиот свет се погодени од сајбер-напади. Најлошо помина Украина, каде што хакерите удрија на банките и на аеродромот во Киев, но нападнати се и компании во Франција, Данска и Питсбург, Пенсилванија, јавува Гардијан.

Франс прес јави дека со хакерски напад е погоден и системот за следење на радијацијата во Чернобил, а нападите брзо се проширија и во САД.

Меѓу погодените компании е и британската рекламна агенција ВПП, руски и дански компании, како и украинската влада.

„И нашата мрежа падна, ако се прашувате. Ова е она што го гледаме на нашите компјутери“, напиша заменик-премиерот на Украина Павло Розенко со фотографија од екранот.

Главниот аеродром во Киев беше цел на т.н. „спам“, што значи дека мрежата е нападната со огромно количество информации заради попречување на серверите и компјутерите.

„Во врска со вонредната ситуација, можно е некои летови да бидат одложени“, рече директорот на аеродромот, Јевен Дикне, на Фејсбук.

Слични напади во Русија пријавија компаниите Роснефт, Башнефт, Марс, Нивеа, Мондељез интернешнел, кои, како што велат агенциите, се погодени со вирусот „Петја“.

Напаѓачите бараат откуп од 300 американски долари во биткоини. Биткоинот е криптовалута, создадена со цел да биде многу тешка за следење на корисниците што ја користат таа валута. Цената на еден биткоин на сајбер-пазарот во моментов изнесува околу 2.500 долари.

Германската компанија Метро објави дека се погодени нивните продавници во Украина и дека ги проценуваат димензиите на сајбер-нападот.

Швајцарскиот центар за извештаи и анализи (МЕЛАНИ) по мејл соопшти дека вирусот „Петја“, кој од жртвите бара откуп за враќање на информациите, погодил компании во Украина, Русија, Англија и Индија.

Пад на системот пријави и компанијата „Милер-Маерск“.

„Петја“ вирусот е поинаков од вообичаените „ренсомвер“ вируси што се користат за напади во кои од корисниците се бара откуп за да се врати пристапот до фајловите.

„Петја“ е поинаков со тоа што наместо да ги шифрира, односно да ги заклучува фајловите еден по еден, користи пониски структури на хард дискот за да го заклучи целиот систем.

„Петја“ е мошне опасен вирус ако се „развие“ на компјутерот. Многу лесно се чисти од системот ако се открие во рана фаза на инфекцијата.

мкд.мк

Share.