Савески носител во петката

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Левица“ ги достави кандидатските листи за престојните предвремени парламентарни избори. Оваа нова партија има кандидати за пратеници во пет изборни единици, освен во шестата.

Носител на листата во правата изборна единица е Димитар Апасиев, а веднаш зад него е Мариглен Демири. Во втората изборна единица на првото место е Трајче Стојанов. Во тројката носител ќе биде жена-Марија Јонес. Во четвртата изборна единица носител на листата е Митко Николов, а во петката предводник е Здравко Савески.

Share.