СДСМ: Апсурдно е ВМРО ДПМНЕ да протестира против неправда

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По вечерашниот протест на ВМРО ДПМНЕ со реакција се огласи битолската СДСМ.

„ВМРО Апсурдна денес протестира и во Битола. Нема поголем апсурд од тоа партијата која ги институционализираше криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот, денес да протестира против овие девијантни појави.

Лицемерно и безобразно е против криминал да протестира партијата која ден денес во раководните тела, во парламентот, во Советот на општината, има функционери против кои се водат постапки за криминал, тежок и до десетици милиони евра.
Од каде храброст на ВМРО Апсурдна да протестира против корупцијата, која ја имаа претворено во практика.

Нели им е срам на ДПМНЕ да протестираат против неправди, а судиските и обвинителските тефтери тежеа со имиња на луѓе кои ги прогонуваа без причина, со местенки, подметнувања, оти сакаа и можеа.

Ако, пак, ВМРО Апсурдна денес протестира против Транспортер, против празната каса што ја остави во Битола, против продажбата на офицерски, против сомнителната продажба на Копанки, против дубиозите во Касараната, тогаш се на погрешната страна од улциата.

Правдата не е само слепа. Некогаш е и бавна. Дојде за да остане тука. Нема да ја исплашат свирките на возилата“ рече Невена Димовска портпарол на СДСМ Битола.

 

Share.