СДСМ: Гулевска го победи Пивковски во Могила

0
4459

Изборниот штаб на СДСМ пред малку соопшти дека нивниот кандидат Јасмина Гулевска победила на денешниот втор круг за избор на градоначалник за општина Могила.

Според СДСМ, за Гулевска гласале 1909 гласачи, а за нејзиниот противкандидат Стево Пивковски гласале 1716 гласачи.

Од СДСМ велат дека чекаат резултати од уште едно избирачко место кое според бројот на запишани гласачи не можело да влијае на овој резултат.