СДСМ преку амандман бара помали казни за некористење албански јазик

0
763

Пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, од Собранието изјави дека поднеле четири амандмани со кои се предвидува подобрување на првата на помалите етнички заеници во државата и намалување на казните за оние што нема да го почитуваат законот за јазиците.

„Со амандманските решенија се унапредува позицијата на помалите етнички заедници кои се наведени во преамбулата на Уставот, со што ќе се овозможи и овие заедници да остваруваат одредени права предвидени во предложеното законско решение. Истовремено, предлагаме намалување на висината на казните што беа наменети за институциите што нема да го почитуваат овој закон. Според нашиот предлог, казните од четири илјади до пет илјади евра се намалуваат на една до две илјади евра“, рече Тунтев.

Според нашиот предлог казните од 4.000-5.000 евра се намалуваат на 1.000-2.000 евра, рече Тунтев.