СДСМ: Сите улици се важни

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од битолската СДСМ велат дека водени од интересот на граѓаните, обезбедуваат сигурен и безбеден сообраќај за сите.

„На површина од над 700 метри квадратни, заврши санацијата на тротоарите на ул. „Студентска”. Улицата е доста фреквентна, бидејќи покрај локалното население, ја користат и студентите сместени во Студентскиот дом „Кочо Рацин“.

Со новите тротоари, се овоможува безбедно движење на пешаците во овој дел од градот. Во изминатите три години не постои населба во градот каде не е инвестирано во изградба на нова или подобрување на постоечката инфраструктура.

Целосна реконструкција на 13-ти Јули, Бранко Радичевич, Широка, Леринска, Булевар 1ви Мај, Димитар Робев, Климент Охридски, 8ми Септември, Дончо Апостоловски, Крушевска, 15 улици во касарната, 14 улици во Долно Оризари, а се работи и на улицата Партизанска и Илинденска. До сега локалната власт има вложено над 5 милиони евра за инфраструктура во улици.

Дополнително покриена е децениски оставената кал со бехатон плочки во над 45 улични краци во висина од над 9 милиони денари. За СДСМ влогот во инфраструктурата е влог во иднината. Продолжуваме со реализација на нови проекти кои се од интерес на граѓаните. Во следниот период со посветено и планско работење уште повеќе ќе го подобруваме урбаното живеење во нашата општина. Градиме домаќински за сегашните и идните генерации“ рече Невена Димовска портпарол на битолската СДСМ.

Share.