СДСМ за доделувањето на 4-то ноемвриската награда

0
2536

– Генералниот став на СДСМ и коалицијата во тие моменти беше да оваа година доделување на 4 -то ноемвриската награда почека и да новиот состав кој беше извесно дека ќе биди избран за многу брзо, бидејќи рано се знаеше исходот на изборите треба да почека и да новиот состав односно новото формирана комисија за 4-то ноемвриската награда го одбери овогодишниот добитник на наградата. ВМРО-ДПМНЕ избраа со доделувањето односно со гласањето за доделување на наградата, претпоставувате од кои нивни разбирливи причини, и тоа така како што правеа во претходните години, бидејќи доделуваа награди по мерка нивна не по мерка на граѓаните, она што можам да го ветам од новиот совет и состав дека сигурно СДМС кога ќе ја предводи општината заедно со коалицијата ќе ги доделуваат наградите на најуспешните битолчани понатаму по заслуги и по она што тие го допринеле во општина Битола а не по тоа што го сработиле за една или друга политичка партија, со тоа ги охрабрувам сите битолчани во наредните години кои навистина ќе творат за Битола да се одважат да се кандидираат да поднесуваат предлози за кандидатури бидејќи новиот состав на советот на општина Битола и новиот состав на комисијата ќе ги доделува наградите на највредните и најзаслужните битолчани. Моментално претходниот состав беше 9 членови од кои 5 беа од ВМРО и коалицијата 4 беа од СДСМ и коалицијата а новиот состав на новата комисија не е одбран. Со започнувањето во среда на работата на советот сигурно дека ќе се формира и таква комисија , изјави Методија Илиевски новоизбран советник