СДСМ за вложувањата во здравството

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
На денешната пресконференција Петар Николовски од СДСМ зборуваше за направеното во здрватсвото.

Вложувањата кои владата на СДСМ ги направи во здравството овозможија успешно да се справуваме со најголемата светска здравствена криза во изминатите децении. Со оваа криза стана уште повидливо дека здравството е еден од основните општествени столбови. Токму затоа вложуваме во зајакнување на овие капацитети.

Во периодот од септември 2018 до февруари 2020, 4 пати е зголемена платата во здравството, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари за 25%, а на останатите здравствени соработници за 15%.Дополнително, вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со ковид-19 ќе добијат награда од 20% од основната плата за 2 месеци.
Наградени ќе бидат сите здравствени и нездравствени работници вклучени во работа со пациентите заболени од коронавирус; доктори, медицински сестри, но и нездравствени работници- болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош -во сите Јавно-здравствени институции, болниците, институтите каде се правеа испитувањата, здравствените домови коишто го организираа транспортот итн.За период од две години даде повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените установи, ги зголеми платите на здравствените работници, даде повеќе од 1000 согласности за специјализации и супспецијализации.Ги зголемивме коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници. Некои типови на дежурства се зголемени за два до три пати за викенд.За 15% го зголемивме капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија.И за првпат, оваа Влада ги плати приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.

Направивме многу, но имаме уште многу да направиме. Продолжуваме да работиме посветено на подобрувања во секоја област: инфраструктура, опрема, терапија, персонал. Затоа што само така, со сеопфатен пристап кон сите сегменти во здравството, можеме да направиме функционален и одржлив здравствен систем за сите.,рече Петар Николовски, СДСМ-Битола.

Share.