Се асфалтираат улиците во Долно Оризари

0
4709
SONY DSC

По завршувањето на атмосферската канализација во Долно Оризари чија вредност е 13.7 милиони денари, отпочнато е и асфалтирање на улици. Моментално се работи на 6 краци, а ќе бидат опфатени и 2 поголеми улици. Вкупната должината на асфалтирани улици ќе биде нешто помалку од 2 км, а додека вредноста на целиот проектот кој ја опфаќа и атмосферската канализација е скоро 22 милиони денари.

„ Штом се заврши делот со асфалтирањето, продолжуваме со подготовка на проекти кои што ќе се однесуваат на останатите улици, во истото село, со надеж дека ќе престигнеме во оваа сезона, ако не ќе продолжиме и понатаму да ја подобруваме инфраструктурата во Долно Оризари. Но сега можеме со сигурност да тврдиме дека многу ја подобривме инфраструктурата во ова село. Покрај тоа што во периферијата на Битола интензивно се работи во делот на инфраструктурата, исто така имаме голем број на проекти кој што ги работиме во централното градско подрачје или во урбаниот дел и очекуваме програмата што беше зацртана за оваа градежна сезона максимално да ја завршиме. “ изјави градоначалникот Владимир Талески.