Се асфалтираше улицата „Стерјовски Ѓорги Џоџа“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вчера завршуваше асфалтирањето на улицата „Стерјовски Ѓорги Џоџа“.

Со нејзиното асфалтирање се овозможува поврзување со неодамна асфалтираниот паркинг и дел од улицата 13 ти јули, со што се завршува една инфраструктурна целина, неопходна за жителите од овој дел на градот.

Со денешните градежни активности на терен, комплетно се реализира проектот за линиска инфраструктурна градба – изградба на коловоз на улица „Стерјовски Ѓорги Џоџа“ и дел од паркиралиште на улица „13 ти јули“.


За реализација на овој проект, општината од сопствениот буџет издвои 5.115.963,25.

 

Share.