Сè до 2021 година нема да се слуша најпрепознатливиот звук во Лондон

0
340

Биг Бен, еден од симболите на Лондон, за последен пат се огласи вчера напладне, како што почнува реновирањето на кулата Елизабет, што ќе трае до 2021 година. Премиерката Тереза Меј и неколкумина членови на Парламентот изразија незадоволство од замолчувањето на препознатливото ѕвоно, но лондонските власти појаснија дека работниците не би можеле да работат безбедно, доколку 13,7 тони тешкото ѕвоно биде во функција цело време.