Се избира претседател на Кривичен суд

0
336

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница треба да избере претседател на Основен суд Скопје 1, на што ќе претходи усвојување на конечната ранг листа за оваа функција.

Советот ќе ја усвои конечната ранг-листа на кандидати за наследник на Рибарев, кој во октомври, шест месеци по неговото назначување, си поднесе оставка од лични причини.

Претенденти за оваа функција се Весна Димишкова, Иван Џолев, Оља Ристова, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и поранешниот претседателот, Владимир Панчевски.

Советот денеска, исто така, ќе ги разгледа оценувањето на извештаите за работата на судовите за третото тримесечје од годинава.