По речици двомосечен застој околу изведувањето на градежните работи поврзани со реализацијата на еден од најзначајните проекти во општина Ресен во последните пет-шест децении, целосната реконструквција на градскиот Водовод, се започнаа изведбените активности околу довршувањето на секундарната водоводна мрежа во градот. Напоредно со тоа со поддршка од екипи на ЈКП Пролетер, започнаа и активностите за реализација на индивидуалните приклучоци, односно приклучување на домаќинствата – корисници на водоснабдителниот систем од границите на сопственост на водокорисниците, до каде што фирмата изведувач ги извршува работите.
Се работи за проект вреден над 800 000 евра со кој целосно ќе се заменат азбесните водоводни цевки кои во Ресен се користеа изминатите шест децении, а со цел да се обезбеди здрава чиста и квалитетна вода за пиење, но истовремено и да се надмине и проблемот со честите дефекти на застарената водоводна мрежа, како и огромните губитоци на вода ,присутни во изминатиот период.
– По минатоесенското завршување на првата фаза на примарната водоводна мрежа , деновиве се пристапи кон довршување на секундарните водоводни приклучоци од првата фаза, кои според нашите очекувања треба да завршат до мај оваа година . По тоа ќе следува втората фаза во која ќе се изврши реконструкција на уште неколку главни улици во градот, а со што паралелно ќе се одвива и приклучувањето на секундарната мрежа и индивидуалните корисници, што планираме да биде завршено до почетокот на оваа есен.Со тоа Ресен ќе добие нов функционален и исклучително квалитетен водоводен систем според сите европски и светски стандарди.- изјави градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.
– Припадници сме на историската генерација на вработени во ЈКП Пролетер која по повеќе децении на користење на застарениот и нефункционален водоводен систем во Ресен се нафати на процес на негова целосна реконструкција. Деновиве наши екипи започнаа со реализација на активностите околу индивидуалните приклучоци, започнувајќи од ул Јосиф Јосифовски и во оваа прва фаза која би траела до почеток на месец мај планираме да реализираме околу 800 приклучоци. – истакна директорот на ЈКП Пролетер од Ресен Љупчо Крстевски.
Во реализација на целокупниот прокет учествува општина Ресен финасиски подржана од Владата на Република Мрежа и Европската Инвестициона Банка за примарната мрежа, за секундарната мрежа средства се обезбедени преку прокетите на УНДП и сопствени средства на ЈКП Пролетер.
https://youtu.be/k75hqor4IWk