Се намалува цената на струјата за 0,25 отсто

0
517

Од 1-ви јули цената на електричната енергија поевтинува за 0,25 проценти, реши Регулаторната комисија за енергетика.

Регулаторната комисија за енергетика на денешната подготвителна седница ги разгледа предложените одлуки за нови регулирани цени и тарифи за електрична енергија кои ќе важат од 1-ви јули годинава. Со нив се предлага зголемување на производствената цена на ЕЛЕМ за 0,05% во однос на сегашната цена. На преносниот оператор МЕПСО тарифата за пренос му се намалува за 6,3%.

На операторот на дистрибутивниот систем ЕВН- Електро дистрибуција, тарифата му се намалува за 5,89% додека на ЕВН- Снабдување наместо бараното зголемување за 6% му се одобруваат само 0,1%.

Според пресметките на Регулаторната комисија овие промени во тарифите ќе резултираат со намалување на просечната цена за крајните потрошувачи на регулираниот пазар, односно домаќинствата за 0,25% во однос на досегашната цена.