Се одржа Триатлон-Преспа 2017 година

0
779

Преку 60 учесници од посвеќе спортски клубови од државава викендов зедоа учество на Националното првенство во Триатлон-Преспа 2017 година. Учесниците се  натпреваруваа во пливање, велосипедизам и трчање во мастер, сениорска и кадетска категорија Најдобар во Мастерс -категоријата беше Стојан Поповски од Скопје .На натпреварот имаше учесници и други земји од светот.

– Јас сум од Минесота . Тука сум на ова прекрасно место. Настанот е многу убаво организиран, има многу луѓе, забавно е и има убава атмосфера. Ако сте фан на трчањето и пливањето ова е одлично место за тоа. Неколку пати сум бил тука порано, и можам да кажам дека е прекрасно, рече еден од учесниците.

Инаку оваа трка се бодува за Шампионатот на Македонија во Триатлон. Организатор на настанот е Тријатлон федерацијата на Македонија, а истиот е поддржан од општина Ресен, Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет
изјава Млади и спорт

Според најавите во текот на летото во преспа ќе се одржат и Државниот натпревар во далечинско пливање, како и трката „Прв до врв„, со што интенцијата е Преспа да се дефинира како спортско-авантуристички „Мека“ во нашата земја
Националното Првенство во Триатлон – Преспа 2017 година се одржа во Отешево на плажата пред  хотелот Лејк Вју