Се подготвува проектната документација за експресниот пат Битола – Меџитлија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Покрај рехабилитацијата на регионалниот пат од Битола до Меџитлија, ќе се проектира и нова обиколница, експресен пат до самиот граничен премин, истакна директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов. Се очекува проектната документација за изградба на експресниот пат Битола-Меџитлија да заврши до крајот на летото. Додека пак за рехабилитацијата на постојниот пат се очекува на крајот на јуни или почетокот на јули да биде објавен тендер.

-Рехабилитација на Битола-Меџитлија до граничен премин, 13 километри, два милиона евра, средства финансии од ЕБОР. Јули, август треба да заврши проектирањето, проектот тогаш треба да ми се достави за обиколница нова на Битола во ширина на експресен пат и експресен пат до Меџитлија. Јас веќе неколку пати имав консултации со консултации и со вашите луѓе од урбанизмот, знам дека тоа се финализира. Тој горчлив проблем да се реши. Не само што ќе се рехабилитира патот од Битола до Меџитлија, ќе се направи и експресен пат, изјави Китанов.

Се работи и на проектирање на автопатот Прилеп – Битола.

-Веќе проектната задача се работи на Градежен факултет, потенцираше тој.

Како што најавија заедно со министерот Сугарески, годинава е предвидено да се започне со рехабилитација на преку 170 километри патна мрежа во Пелагонискиот регион.

Share.